2000-на публика за 5 дена го виде „Нешто слатко“ во „Синеплекс“

Двеилјадна публика за пет дена во киното „Синеплекс“ ја виде словенечката комедија „Нешто слатко“,во која играат и се копродуценти Сашко Коцев и Јелена Јовановa. Од „Процес K продукција“ се благодарни на публиката му дава поддршка на независниот филм, што е снимен без државна поддршка, но меѓу продуценти од Словенија, Македонија и Хрватска.
Засега филмот игра само во „Синеплекс“, а во наредниот период и низ киносалите низ Македонија.

Премиерата на филмот во Скопје беше на 6 мај, во присуство на режисерот Тин Водопивец, на актерите Јелена Јованова, Сашко Коцев, Александар Микиќ, кој исто така има епизодна улога.

– Сакавме да направиме филм за првата и последната шанса во животот на човекот, за лажно и погрешно или какво било идеализирање и идеологизирање на луѓето, на некои одредени личности и за она што во светот прави и војни, а се вика пи-ар. Пи-арот е наша секојдневница, може да те направи бог и може да те направи просјак. Сите тие големи работи сакавме да ги ставиме во еден филм, но да го направиме тоа на еден питок начин, да го сместивме во жанрот ром-ком, романтична комедија. Сите ќе кажат ова е комерцијален филм, така? Јас велам: Што значи комерцијален филм? Низ годините станал еден термин кој звучи потценувачки. Секој филм треба да биде комерцијален – рече актерот Коцев на новинарската проекција на филмот.

Сподели