Подобрување на здравјето и добросостојбата на учениците, спречувањето на сите форми на насилно однесување, обуки за стручните служби во сите основни и средни училишта беа тема вчерашната средбата на претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието со тим од професионалци и експерти за ментално здравје.
Министерот Јетон Шаќири ги информираше присутните за тековните активности за создавање позитивна клима во училиштата. Тој изрази благодарност до УНИЦЕФ за досегашното партнерство и за поддршката која ќе следи во наредниот период, а особено за учеството во спроведување на обуките за стручните служби во сите училишта, за родителите и учениците.
Околу 700 стручни соработници – професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта – во текот на 2022 и 2023 година беа обучени за новата Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини. Оваа мрежа на стручни соработници ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во спроведување на активностите за унапредување на социо-емоционални компетенции и зајакнување на психолошката отпорност кај учениците и возрасните.