Наставничката по македонски јазик од скопското училиште „Вера Циривири-Трена“ , Матилда Бајкова доби награда Global Education Awards, што се одржа во Дубаи. Таа стана амбасадор на оваа награда. На Глобалниот образовен самит во организација на AKS Education Awards беа пристигнати 985 номинации од 57 земји од целиот свет, а одбрани се и наградени 70 од 26 земји во различни категории.

– Ова е уште еден показател на квалитет за мојата работа и посветеност. Посебна чест е што сум добитник на ваква светска престижна награда, единствена од Македонија, од светскиот лидер AKS Education Awards. Настанот беше совршен спој на вмрежување на светски просветни работници и вистинска размена на знаења и врсничко учење – вели Бајкова.





