Делата на Владимир Георгиевски во повеќе градови низ Македонија

Серија изложби на дел од ликовното творештво на уметникот Владимир Георгиевски ќе бидат организирани до крајот на септември во неколку градови низ Македонија. До 5 мај две изложби се отворени во Музејот во Штип (галеријата Безистен) и Св. Николе. Две различни поставки, секоја со по 20-ина дела во разни техники, ќе бидат изложени во Штип, Св. Николе, Велес, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Кратово, Охрид и Куманово.

Изложбите ги организираат Музејот на град Скопје и Museum Link, неформална мрежа на музеи и Домови на култура низ земјава.
Изложбите низ земјава следат по изложбата-омаж за Георгиевски во Музеј на град Скопје, која беше отворена до февруари годинава. Целта е да им се овозможи на што е можно поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на овој наш уметник.
Ова е распоредот на изложбите:

Велес, ЛУ Велес: 8-17 мај
Гевгелија, НУ Музеј Гевгелија: 9-17 мај
Кавадарци, ЛУ Музеј Кавадарци: 18 мај – 2 јуни
Неготино, ЛУ Музеј Неготино: 23 мај – 2 јуни
Крива Паланка, ЛУ Музеј Крива Паланка: 6 – 20 јуни
Кратово, ЛУ Музеј Кратово: 7 – 20 јуни
Охрид, НУ Музеј Охрид, галерија Робевци: 15 до 27 јули
Куманово, НУ Музеј Куманово: 15 до 30 септември

Организаторите велат дека во тек се преговори со уште 10-ина музеи и домови на култура низ Македонија.

Сподели