Серија изложби на дел од ликовното творештво на уметникот Владимир Георгиевски ќе бидат организирани до крајот на септември во неколку градови низ Македонија. До 5 мај две изложби се отворени во Музејот во Штип (галеријата Безистен) и Св. Николе. Две различни поставки, секоја со по 20-ина дела во разни техники, ќе бидат изложени во Штип, Св. Николе, Велес, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Кратово, Охрид и Куманово.
Изложбите ги организираат Музејот на град Скопје и Museum Link, неформална мрежа на музеи и Домови на култура низ земјава.
Изложбите низ земјава следат по изложбата-омаж за Георгиевски во Музеј на град Скопје, која беше отворена до февруари годинава. Целта е да им се овозможи на што е можно поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на овој наш уметник.
Ова е распоредот на изложбите:
Велес, ЛУ Велес: 8-17 мај
Гевгелија, НУ Музеј Гевгелија: 9-17 мај
Кавадарци, ЛУ Музеј Кавадарци: 18 мај – 2 јуни
Неготино, ЛУ Музеј Неготино: 23 мај – 2 јуни
Крива Паланка, ЛУ Музеј Крива Паланка: 6 – 20 јуни
Кратово, ЛУ Музеј Кратово: 7 – 20 јуни
Охрид, НУ Музеј Охрид, галерија Робевци: 15 до 27 јули
Куманово, НУ Музеј Куманово: 15 до 30 септември
Организаторите велат дека во тек се преговори со уште 10-ина музеи и домови на култура низ Македонија.





