Вработените во Халкбанк засадија дрвја во шест града во Македонија

Со засадување садници во повеќе градови во Македонија, вработените на Халкбанк го одбележаа 11 Април, Денот на планетата Земја. Садници беа сазадени во околината на филијалите на банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово, Ресен и во Велес. На овој начин не само што е зазеленет и разубавен просторот околу филијалите, туку придонесоа и за поубава и позелена средина во овие градови. Во рамките на одбележувањето беше направен и Giveaway на социјалните мрежи и беа подарени растенија на најкреативните учесници.

Халкбанк која е препознаена како еко-ориентирана банка, постојано посветува внимание на зачувување и заштита на природата и поттикнување и негување здрави животни навики и со низа акции придонесува за зголемување на зеленилото, како во урбаните средини, така и на други локации каде што е потребно.

– Преку платформата ХалкЕко досега се засадени повеќе од 33.000 дрвја на повеќе локации во Македонија, а во дел од овие акции учествуваа и вработените во Банката. Основа на платформата е истоимената апликација со која сите оние што пешачат, трчаат или возат велосипед, со поминатите километри во овие активности, придонесуваат Халкбанк да засади дрвја. И хронометар велосипедската трка ХалкВелоГрин која ја организира Банката е со цел поттикнување здрави животни навики, но и обзбедување нови садници бидејќи средствата од котизацијата за учество во трката се искористуваат за обезбедување нови дрвја – велат од Халкбанк.

Сите акции за засадување нови садници се и придонес на Халкбанк во рамките на коалицијата Priceless Planet чиј дел е банката, а има цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја. Коалицијата беше формирана од страна на Mastercard во јануари 2020 година, а во октомври истата година Халкбанк влезе во партнерство со оваа големата глобална иницијатива, со што стана и прва банка во регионот што се приклучи на оваа широка Коалиција.

Со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.

Сподели