Избран тимот што ќе ја претставува Македонија на 40. Балканска математичка олимпијада

Сојузот на математичарите на Македонија го формираше тимот што ќе ја претставува нашата земја на Балканската математичка олимпијада што ќе се одржи од 8 до 13 мај во Анталија, Турција.

Македонската репрезентација ја сочинуваат: Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Јан Стојановски, Никола Спировски и Алек Танаскоски.

 

Сподели