Поетика на питорескното во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 21 часот ќе се одржи петтото издание на поетската вечер „Поетска епизода“ во организација на младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“, а со поддршка на Europe House Скопје.

Во оваа епизода гостуваат поетите и поетесите Ана Димишковска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Дејан Трајкоски и Марија Хана Трајкоска. Вечерте ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.

Епизодата е посветена на поетиката на питорескното што како тема ги опфаќа поезијата посветена на ликовни дела, поезија за филмови, визуелната поезија, поезија за бои и сето она што може да влезе измеѓу.

Сподели