Кампања за собирање паричен фонд наменет книжевниот избор „Штефица Цвек“

Кампања за собирање паричен фонд наменет книжевниот избор „Штефица Цвек“ почна регионалната иницијатива „Бунтовни читателки“. Тие годинава по втор пат го организираат книжевниот избор „Штефица Цвек“, за книги кои обработуваат феминистички и квир тематики, објавени во 2022 година, на БХСЦ и на македонски јазик.

– Изборот е именуван по ликот од романот „Штефица Цвек во челустите на животот“ на Дубравка Угрешиќ, не само затоа што Угрешиќ беше првата жена добитничка на НИН-овата награда туку и затоа што станува збор за класик на југословенската книжевност и неизоставен дел од регионалната феминистичка лектира. Штефица Цвек одлично анализира како (поп)културата и книжевноста со стереотипно видување на женските ликови влијаат на обликувањето на реалните животи на жените. Така, и денес на жените неретко им се наметнува изборот да работат во доменот на т.н. тривијална книжевност или да се занимаваат со другите жанрови, но без нивниот труд да биде (доволно) вреднуван од страна на книжевниот мејнстрим – велат организаторите.

Сите собрани пари ќе одат во фондот за стипендирање на авторите и ќе бидат подеднакво распределени на сите победници на овогодишниот избор. Имињата ќе бидат објавени во јуни за време на книжевниот фестивал Крокодил (Белград, Србија). Сите донатори ќе бидат тековно информирани за процесот на селекција, а пошироката јавност ќе може да ги проследи сите новости за изборот на Инстаграм и Фејсбук профилите на партнерските организации коишто учествуваат во изборот.

Повеќе информации на линкот.

Сподели