„Локомотива“ одбележува 20 години

Со четиридневна програма, Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ деновиве одбележува 20 години постоење. До недела во Скопје се одржува настанот „Како работиме во (независната) сцена на изведувачки уметности?“ која „Локомотива“ ја организира со француската мрежа ОНДА. Настанот вклучува изведби, разговори со уметници, дискусии и средби за да ја запознае македонската современа изведувачка уметност со 25 куратори и уметници од различни театри и фестивали во Франција.

– Тие ќе имаат можност да се сретнат со уметниците и културните работници кај нас и да разговараат за актуелните изведби, процесите на развој на идеите. Ќе дебатираат и на теми поврзани со работните услови, политиките и политиката во кои тие работат на локално и на меѓународно ниво, како се организирани просторите за изведувачки уметности, продукциските капацитети, дистрибуцијата на перформансите во земјава и на меѓународно ниво, а „Локомотива“ ќе го отвори и прашањето – дали ни треба институција за современи изведувачки уметности – велат од „Локомотива“.

На програмата се перформансите:

– „Срам“ на платформата „Прво па женско“ денеска од 15 до 16 часот во „Јавна соба“.
– „Ми треба ново тело“ на „Локомотива“, вечерва од 19 до 20 часот во МКЦ.
– „Процес“ интерактивен театарски перформанс на MI FILM & THEATRE утре од 11 до 12 часот во МКЦ.
Синоќа беше изведена „ГЛУМиЦИ“ на „Артопија“.

Како дел од програмата гостите ќе можат да следат неколку разговори низ прошетка до специфични делови во градот, како што се: „Кич тура“ во Скопје (две групи) со Ивана Драгшиќ и Иван Менкиноски, Стариот и новиот дел на градот Скопје со Бојана Јанева, Прошетка низ перформативни инсталации (Пошта, Железничка зграда и Универзална сала) со Филип Јовановски.

Повеќе информации на линкот.

Сподели