„Неизложени дела на хартија“ е насловена изложбата на дела од Сергеј Андреевски која в петок (21 април) во 19 часот ќе биде отворена во галеријара „Ремецо“, Општина Каламариа, во Солун. За творештвото на Андреевски ќе говори Харис Савидес, архитект и фотограф од Атина.
Поставката е еден вид продолжение на големото ретроспективно претставување со наслов „Хартии“, лани во Музејот на македонската борба во Скопје. Заради ограничениот простор во Музејот, голем дел од селектираните дела не можеле да бидат изложени. Токму тие дела ќе и бидат претставени на публиката во Солун.

Тоа се цртежи и слики од различни творечки фази и тематски циклуси, главно инспирирани од патувањата на Андреевски низ светот. Создадени се на различни видови хартија – од обична, професионална и рециклирана „арш“ хартија, до рачно изработена јапонска хартија – „ваши“.
Изложбата ќе биде отвирена до 29 април. Реализацијата на проектот е овозможена од македонското Министерство за култура.





