24 филмски фестивали и манифестации добија поддршка од Агенцијата за филм за да ги реализираат своите настапи. Најголема поддршка традиционално доби Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ од Битола, со 10.5 милиони денари. Овој буџет е за 3 милиони денари повисок од минатата година.
Според резултатите што ги објави Агенцијата, повеќето фестивали имаат добиено поголема поддршка во однос на 2022 година. По 3.500.000 денари добија Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ и фестивалот на документарни филмови „Македокс“.
За 400.000 денари повисок буџет ќе има Beach film festival, а за 200.000 повеќе – доби Филмскиот фестивал за млади.
Повеќе за одобрените проекти, прочитајте на следниот линк.





