Отворање на изложбата „Вселена. Човек. Интелигенција“

Интерактивната изложба „Вселена. Човек. Интелигенција“ ќе биде отворена денеска во 10 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Патувачката изложба ги опфаќа тематските области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и ВИ – Вештачка интелигенција. 
Изложбата ќе ја отвори заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, а ќе има претставници од Министерстовото за образование и наука на Македонија, заменик директор на Гете-институт Скопје, Фалк Шлајхер.
 
На публиката ќе се обрати и активистот и основач на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски.
Повеќе за изложбата прочитајте на следниот линк.

Сподели