Повик за проекти и изложби во Мобилна галерија

Центарот за современи уметности од Скопје објави повик за проекти и изложби што ќе бидат отворени во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата од мај до октомври годинава. Повикот се однесува до сите уметници, ликовни критичари и куратори. Од пристигнатите ќе бидат избрани четири проекти што ќе бидат поддржани со 30.000 денари.

Крајниот рок за пријавување е 25 април.

– На овој начин го поддржуваме слободно изразување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи. Проектите можат да бидат самостојни, групни или мултимедијални на уметници, куратори, уметнички групи. Не постојат ограничувања во изборот на медиумот или пак во старосната граница на авторите – велат од Центарот.

Проектите се пријавуваат на: scca@scca.org.mk или anita@scca.org.mk. Повеќе информации на линкот.

Насловна фотографија: Дело од Владимир Лукаш, реализирано во рамките на минатогодишниот повик

Сподели