ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование на кој можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб-страницата на училиштето. Рокот за пријавување е до 8 април.
На тестирањето за стипендија ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.
За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик.
Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината (секое училиште, посебно Скопје, Тетово-Боговиње и Струга имаат по два стипендиски региони), според долунаведеното.
Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09 април во 111 часот.
За ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ „11 Октомври“-Куманово, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, ООУ „Блаже Коневски“ – Велес и ООУ „Видео Подгорец“- Струмица.
За ПСУ „Јахја Кемал” – Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Исмаил Ќемали“- Гостивар.
За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ „Санде Штерјоски“- Кичево и ООУ „Пенестија“-Дебар.





