„Јахја Кемал“ доделува стипендии за средно образование

ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование на кој можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб-страницата  на училиштето. Рокот за пријавување е до 8 април.

На тестирањето за стипендија ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.

За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик.

Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината (секое училиште, посебно Скопје, Тетово-Боговиње и Струга имаат по два стипендиски региони), според долунаведеното.

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09 април во 111 часот.

За ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје  ќе се полага во самото училиште и во ООУ „11 Октомври“-Куманово, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, ООУ „Блаже Коневски“ – Велес и ООУ „Видео Подгорец“- Струмица.

За ПСУ „Јахја Кемал” – Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Исмаил Ќемали“- Гостивар.

За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга  ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ „Санде Штерјоски“- Кичево и ООУ „Пенестија“-Дебар.

Сподели