Преводот и издавањето на книгата се создадени во рамките на проектот Регионална мрежа за културна разновидност READ, поддржан од Европската Унија, што го спроведува Гете-институт Скопје заедно со неколку партнерски организации
Романот „Француски камп“ на младата српска писателка Енна Месарош деновиве излезе од печат како прво издание на Здружението за промоција и унапредување на културата, науката и образованието УМНО од Скопје. Романот кој е наменет за младата популација ќе ја збогати сиромашната понуда на домашни дела на теми што ги засегаат адолесцентите, а кај нас не често се третирани во литературата. Преводот и издавањето на книгата се создадени во рамките на проекот Регионална мрежа за културна разновидност READ, поддржан од Европската Унија, а го спроведува Гете-институт Скопје заедно со неколку партнерски организации: Асоцијација „Крокодил“ (Србија), Центар за балканска соработка Loja од Македонија, Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центарот за мултимедија (Косово).

Проектот е убава можност за граѓански организации од Македонија, Албанија, Косово, Србија и од Турција можат да соработуваат меѓу себе за да придонесат за интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите.
За преводот на книгата се погрижи Сребра Ѓорѓијевска, графичката обработка е дело на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, а дизајнот на корицата е на Катерина Пренда.
Енна Месарош е родена на 7 октомври 2002 година во Нови Сад, Србија. Завршила Средно машинско училиште, насока техничар за роботика. Потоа се запишала на Педагошки факултет. Со пишување се занимава од мала. „Француски камп“ и е втор роман роман што го објавила во 2021 година во издание на „Нова поетика“ од Белград. Ги напишала и „Не ми мавтај со нож пред носот“ (Ne maši mi nožem ispred nosa, 2020) и „И тогаш полетав“ (I onda sam poletela, 2021). Со својата работа се обидува да им испрати позитивна порака на младите. Ужива во пишувањето зашто може да биде што ќе посака во својот сет на фантазијата.
Авторката Ена Месарош ги срочила проблемите на денешните млади во читлив роман што лесно се чита. Пред нас е четиво кое на младите им се обраќа со нивниот јазик, тоа го прави посебно блиско и секој може да се идентификува. Седумнаесетгодишната Лана живее во книгите, во својата соба каде што се чувствува најсигурна. Надвор таа е изложена на проблемите на врсничкото насилство кои врз неа имаат големо влијание. Родителите ја праќаат на камп за странски јазици во Франција, сакајќи да ùдадат нов предизвик, иако иницираат да го учи англискиот јазик, повеќе сакаат да ја охрабрат да се отвори за светот и за своите врсници. Таа одлука во прво време ја доживува како желба на родителите да се ослободат од неа на две недели, но за само неколку дена ќе сфати дека го живее можеби најубавото лето во својот живот.
Во рамките на проектот, во наредниот период книгата ќе биде дистрибуирана во 20 средни училишта низ Македонија, како подарок за училишните библиотеки и можност за средношколците да добијат литература што ќе им биде блиска на нивната возраст.
Во април, книгата ќе биде промовирана и онлајн, на фејсбук-страницата на порталот за обрзование, наука и култура www.umno.mk.





