Со хаику и садење црешово дрво се отвора втората сезона на Етно клубот

Во паркот кај Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 12 часот ќе биде отворена втората сезона на Етно клубот при Институтот за етнологија и антропологија. Ќе биде одбележан јапонскиот празник на цутењето на црешите со пишување и читање хаикуа, кои можат, но и не мораат да ја имаат традиционалната структура на 5-7-5 слогови во три стиха.

– Важно е да зборуваат за убави нешта, за црешата што ќе ја посадиме да порасне побрзо. Особено се поттикнуваат хумор и сатира – велат од Институтот.

Годинашната сезона на Етно клубот почнуваме со јапонската традиција „ханами“ или набљудување на цветањето на пролетните дрва, особено на црешите. По тој повод етнолозите и антополозите ќе насадат црешово дрво, а за да му помогнат да порасне и да расцвета, околу него ќе пишуваат и читаат хаикуа. За присутните на располагање ќе бидат друштвени игри со тема Јапонија (Оhanami, Takenoko, Iki, Kanagawa…)

– На овој начин ја продолжуваме традицијата на запознавање со јапонската култура во Етно клубот, започната лани со работилница за традиционални јапонски слатки-вагаши која ја одржа проф. Такеши Мацунага – велат од ИЕА.

Сподели