Скулпторот Сашо Саздовски ја доби наградата „Боро Митриќески“

Скулпторот Сашо Саздовски ја доби наградата за најдобра скултптура „Боро Митриќески“ што ја доделува семејството Митриќески во рамките на изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), отворена во Уметничкиот центар „Арт Хаб“ во Градскиот трговски центар во Скопје. На изложбата со свои дела се претставуваат 19 автори. Изложбата ќе биде отворена до 1 април, во работното време на галеријата – од 11 до 18 часот.

Насловна фотографија: Извор – ДЛУМ / Фото: Влахо Бранѓолица

Сподели