Во „Семи, Џо и јас“ најтешко ми беше кога 10 пати требаше да снимаме сцена во која плачам

Јас порано тренирав фудбал и таму ме најде режисерката. Таа бараше актерка, фудбалерка, и требаше девојка со многу енергија. Ме викна, ме покани на аудиција и ми кажа дека одговарам за улогатаи, па така и ме најдоа – вели 20-годишната Јана Секуловска од Швајцарија од родители Македонци

Во швајцарската драма „Семи, Џо и јас“ во режија на Карин Хеберлајн, една од трите главни улоги толкува 20-годишната актерка од Швајцарија со македонско потекло, Јана Секуловска. Тинејџерскиот филм се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје и во неколку градови низ Македонија (Гостивар, Неготино, Битола), а достапен е и онлајн, на платформата Cinesquare.net. Во Битола се прикажува од вечерва во 20.30 часот во малата сала на Центарот за култура.

Секуловска беше гостинка на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во октомври, минатата година. Филмот во кој таа дебитира го проследија џифонци после што имаа интересна дискусија.

– Многу сакам кога публиката е слична на мојата возраст, тогаш добивам интересни прашања, на некои дури и ме мотивираа да се замислам пред да одговорам – признава Секуловска.

Приказната на филмот е фокусирана на три другарки кои завршуваат средно школо и го имаат летото на нивниот живот, лето што ќе биде невоочаено. Филмот е снимен во 2019 година во Цирих, каде што Секуловска и живее.

 

– Јас порано тренирав фудбал и таму ме најде режисерката. Таа бараше актерка, фудбалерка, девојка со многу енергија. Ме викна, ме покани на аудиција и ми кажа дека одговарам за улогата. Девојката што ја игра Сами јадеше сладолед на улица и така ја најде. Никоја од нас трите не сме со претходно искуство во актерство на филм – вели Јана.

Филмот е веќе прикажан во повеќе земји низ Европа – Германија, Австрија, Чешка и други места. Младите во Швајцарија многу убаво го прифатиле филмот. Интересно е што таму малку се снимале играни филмови, а повеќе фокус се ставало на документарците, ни објасни Јана.

На прашањето што и беше најинтересно за време на снимањето на филмот, Јана вели дека тоа било кога морале да се качат на кран и изгледало опасно.

– А најтешко ми беше кога требаше да плачам во филмот. Знам да плачам ако треба, ама десет пати да се повторува една сцена не ми беше лесно.

Супер се разбиравме со другите девојки. Бевме среќни што ќе снимаме филм – вели Јана, која е и голем филмофил и обожува да оди на кино.

Таа објаснува дека таму не може да се живее исклучиво од актерството. Но, таа следи аудиции, после филмот снимила поситни проекти – видеа, реклами, спотови. Јана завишила средно економско училиште и се надава дека ќе има уште предизвици на филмското платно.

Во моментов краток филм со неа се прикажува во киносали. Тоа е филм за нејзината птица гавранче, што случајно и станало милениче. Пред три години Јана го донеле гавранчето што го нашла паднато на пат. Го ранеле, го чувале, Јана го научила да лета и така станало милениче во семејството. Но, во октомври летнало, го снемало.

Јана одржува релација со Македонија, иако признава дека помала доаѓала почесто.

Сподели