Чкртај во живо и освој патување во Амстердам и ваучер за „Бреинстер“

Чкртање во живо на 18 март организираат Бреинстер, Бреинстер некст колеџот и Ред Бул како дел од глобалниот натпревар Red Bull Doodle Art, за најдобрите ќе патуваат во Амстердам на финалниот натпревар и ќе добијат ваучери за учење дизајн. Настанот ќе се оржи во просториите на „Бреинстер“. Натпреварот во Македонија се враќа по пауза од шест години. Натпреварувачите, покрај можноста да цртаат на ваквите креативни настани, своите креации може да ги пријавуваат и онлајн.

– Ова е одлична можност за креативците бидејќи е глобален натпревар кој ја прикажува неверојатната креативност и талент на младите уметници од целиот свет. Red Bull Doodle Art не е само платформа за новите уметници преку која тие ги покажуваат своите вештини, туку настанот ја слави и моќта на чкртањето (doodle) како форма на самоизразување. Ние го цениме дигиталното креативно изразување, а со подемот на дигиталната уметност и технологија, веруваме дека и оваа безвременска форма на уметност заслужува признание и треба да се поддржи. Заедно со „Ред Бул“ ќе ја инспирираме следната генерација уметници да ја продолжат својата страст и да го покажат својот талент на глобалната сцена. Едукацијата и поддршката на најталентираните е дел од нашата мисија и затоа и ги отвораме вратите од нашите простории за овој значаен настан – вели Јана Тодоровска од „Бреинстер“.

Јана Тодоровска

Red Bull Doodle Art е глобален натпревар во цртање/креирање на чкртаници кој се одржува во 60 држави, а од секоја се избира по еден национален уметник-претставник што ќе учествува на глобалното финале кое ќе се случи во мај во Амстердам, Холандија.

Најдобрите од Red Bull Doodle Art натпреварот ќе добијат ваучери за „Бреинстер“ aкадемиите за графички дизајн или UX/UI дизајн или пак попуст за школарината на „Бреинстер некст колеџ“ ако се запишат на додипломски студии на студиската програма по UX/UI и графички дизајн.

Победникот ќе добие можност за патување во Амстердам, каде ќе работи со артист-ментор на подобрување на своето дело и негова трансформација во ексклузивно НФТ уметничко дело. Победничкиот дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен и на дизајн на патики кои ќе бидат пуштени во комерцијална продажба.

Пријавете се на натпреватор на линкот или при доаѓањето во просториите на „Бреинстер“ на 18 март. Повеќе информации на линкот.

Сподели