Македонија е домаќин на Математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа

120 учесници од 23 универзитети од Бугарија, Грција, Романија, Албанија, Туркменистан и од Македонија се гости и учествуваат на Математичката олимпијада за студенти со меѓународно учество од Југоисточна Европа. Организатори на 17. олимпијада што се одржува во хотел „Дрим“ во Струга, се: Сојузот на математичарите на Македонија, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).

Натпреварувачкиот дел заврши вчера, а студентите ги одмерија своите знаења решавајќи четири задачи од неколку напредни области на математиката. Најдобрите ќе се закитат со медаи кои ќе им бидат врачени денеска, а олимпијадата ќе трае до утре.

– Оваа меѓународна студентска олимпијада има долгогодишна традиција и нејзината цел е да ги поттикне и охрабри математички надарените студенти од прва и втора година на студии од сите универзитети од Југоисточна Европа и пошироко, кон понатамошни истражувања на математиката, компетитивност и стекнување нови пријателства, како и да ја зајакне соработката меѓу математичките здруженија и универзитети од регионот и пошироко – велат од СММ.

 

Сподели