23. февруари – мое прво постпандемиско патување, и случајно или не, во градот чиј дух ми е вграден во клетките преку музиката од новиот вал. И секако дека го чувствувам како дел од себе, како веќе позната и чекорена територија, иако баш никогаш досега патот не ме одведе таму. Чувството на близина се засилува низ возење по нешто повеќе од 700 километри, во друштво на фреквенцијата на култното белградско „Радио 202“, па подоцна на хрватско тло „Радио ХРТ 2“. Селективен избор на најдобрите песни од 80-те, хитови што го одбележаа музичкиот њу вејв во поранешна Југославија, сцена која се прелеа од Лондон, а својата одомаќинета верзија ја доби на север во Риека и се рашири јужно до Вардар.

Минувам граници, а музиката и мислите што ме следат како да не го забележуваат овој формален застој за приложување на пасошот. Сознанието дека веќе сум во држава на Европската Унија, не ми прави особена сензација. Хрватска и пред влезот во ЕУ имаше најдобри автопати, култура и други високо развиени цивилизациски вредности. Особено времето во осумдесеттите, во прогресивните нишки на музичкиот и интелектуален бум на Југославија, рафиниран слободарски дух, квалитетна новинарска критика, лојална политичка дебата.
Прочитајте ја целата репортажа на Ана Василевска објавена на Новатв.мк.
Фото: Ана Василевска





