Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 11 часот ќе се одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Присутните ќе ги поздрават Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Лидија Тантуровска, научен советник при Институтот за македонски јазик.
Во рамките на програмата ќе биде посветен дел на Крсте Мисирков, на Ацо Шопов, ќе биде посетена и спомен-собата на Мисирков.





