Со филмот „Сестри“ на Дина Дума што ќе биде прикажан денеска во 13 часот во киното во Центарот за култура, Europe House Крива Паланка ќе го започне филмскиот маратон со што ќе биде одбележан вториот роденден. Мотото е „Во киното е филмот“, а ќе трае до 24 февруари.
Филмската проекција „Сестри“ од Дина Дума официјално ќе го означи почетокот на филмската недела. За утре во истиот термин во Europe House Крива Паланка се планира тематска дискусија со режисерката Дина Дума на тема „Важноста на негувањето на кинокултурата“.

Филмската програма ќе продолжи на 20 февруари во 16.30 часот со проекцијата на A House Made of Splinters од Сајмоин Леренг Вилмонт номиниран за Оскар за најдобар документарен филм. Филмот е наменет за пошироката публика.
Повеќе за програмата прочитајте на следниот линк.





