Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерvа во 18 часот ќе се одржи поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ со која ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта. Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп. Дваесетина поети ќе читаат поезија.
– Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што н ќе бидат одбележани двата празника. Со ова практично Центарот ги започнува годинaшните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градов – велат организаторите.





