МКЦ не е само Скопје, МКЦ е Македонија, МКЦ е Европа, МКЦ е млади и стари. Ова се дел од пораките со кои граѓаните денеска од 12 до 16 часот со музика ќе протесираат против политизацијата на Младинскиот културен центар и намалувањето на буџетот на градската институција.
– Дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си поминале убаво? Ако да, знаете за што се бориме – велат организаторите.
Ќе настапат: S.A.M, Cut Your Nipple, Lufthansa, Дина Јашари, Новиот почеток, Shock Troopers, Yöu, Хајка, Dope Kukjata и други.





