Како да допрете до вашето дете – адолесцент

„Развојни промени во адолесценцијата и предизвиците на родителите со справување со нив“ е насловот на предавањето што ќе се одржи онлајн вечерва во 19 часот. Предавач е проф. д-р Ана Фритцханд, развоен психолог. Во рамките на предавањето ќе бидат опфатени повеќе теми: што е адолесценција како развоен период, зошто е наречена период на „бури и олуи“, како да комуницирате со своето дете во овој период…

Д-р Фритцханд е редовна професорка и раководителка на Институтот за психологија про Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2008 година била меѓународен алумни на Универзитетот во Минесота, САД, како добитник на престижната стипендија Junior Faculty Development Program наменета за млади истражувачи и универзитетски наставен кадар. Била ангажирана како главен истражувач, надворешен експерт и аналитичар на повеќе национални и регионални проекти финансирани од меѓународни организации како што се УНИЦЕФ, УСАИД, ОСЦЕ и слично.

Повеќе за пријавувањето на предавањето на линкот.

Сподели