Проекции на драмата „Мими“ во Кинотеката

Психолошката драма „Мими“, вториот игран филм на Даријан Пејовски, ќе се прикажува на репертоарот на Кинотеката вечерва, на 20 и на 21 јануари во 20 часот. По премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови. Филмот е копродукција на Македонија со Хрватска и Црна Гора. Сценариото е на Пејовски, а улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ.

Филмот е наменет за возраст над 16 години. „Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.

Сподели