Македонија домаќин на Математичката олимпијада за студенти од ЈИЕ

Македонија ќе биде домаќин на 17. Математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа (SEEMOUS 2023). Натпреварот ќе се одржи во Струга од 7 до 12 март, а организатори се Сојузот на математичарите на Македонија и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Олимпијадата е наменета за студенти од прва и втора година. Целта на натпреварот е да се охрабрат надарените студенти по математика да ги прошират своите достигнувања на полето на математиката.

Повеќе за натпреварот на линкот.