Во Велес повторно ќе почне да работи Градското кино сместено во салата „Бели мугри“ во локалната библиотека. Киното отворено на 11 октомври 2020 година, е опремено со најсовремена дигитална опрема, а со него во наредните три години ќе стопанисува „Киноверзум 3Д“ од Свети Николе, по јавниот повик на Општина Велес. Киното ќе почне со работа идната недела.
– Ќе има нова премиера речиси секој четврток. Најновите филмски хитови ќе бидат премиерно прикажани во Велес во истиот ден кога ќе бидат прикажувани во најголемите светски метрополи. Би сакале да започнеме со најновото продолжение на „Аватар: Патот на водата“, поради спектакуларните визуелни ефекти – вели за МИА Михаела Ѓорчева, основач и сопственик на „Киноверзум 3Д“.





