Вевчани цела година живее за овие два дена. Ви пренесуваме дел од атмосферата на традиционалниот Вевчански карневал, Струшко, кој има традиција од 14 века. Со многу хумор и сатира преку маски вевчанци ја критикуваат власта и политичките случувања во светот. По традидиција, маските денеска ќе бидат запалени, а огнот симболично ќе ги истера лошите духови.














