Наставник со краснопис им честита Нова година на своите ученици

„Биди здравје, љубов и среќа цела година. Среќна Нова 2023!“. Ова е содржината на новогодишните честитки со кои наставникот Иле Михајловски од основното училиште „Кирил и Методиј“ од Свети Николе им ја честита Новата година на своите 20 вторачиња. Михајловски секоја година им подготвува различни честитки на своите ученици. Пораките ги пишува со краснопис и е еден од ретките наставници кои ги поттикнува своите ученици на убаво пишување.

Во јавноста Михајловски е познат и по добротворните акции. Деновиве тој организираше донаторска акција за деца од социјално загрозени семејства и за деца со попречености. Дел од пакетчињата сам ги разнесува со помош на своите пријатели.

Сподели