„Сенки без граници“ е насловот на работилницата за театар на сенки што ќе се одржи денеска од 12 до 15 часот во Europe House Скопје. Настанот е наменет за сите деца и возрасни со попречености и скриени болести кои имаат афинитети кон творење и уметност, активисти за инклузија, претставници на организации кои ја третираат оваа област, учители и педагози кои предаваат во инклузивни паралелки, ентузијасти за театар на сенки.
Присутните ќе ги поздрави Нафи Сарачини, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Потоа ќе биде претставен „Артколеги“, интернационален проект за едукација и пракса на тема уметноста како професија за лица со попречености, а обраќање ќе има и Каја Милошевска, окупационен терапевт во Центар за младински активизам „Крик“.
Настанот го организира Театар „Сенки и облаци“, учеството на настанот е бесплатно, но бројот на места е ограничен. Заинтересираните треба да се пријават во порака на нивната страница на Фејсбук.





