„Театар Пи“: Наместо да ја бараме Алиса во земјата на чудата, ние копавме длабоко во секој од учесниците

Мултимедијалниот настан „Чудата во Алиса“ беше промовиран во саботата во Центарот за култура во населбата Ѓорче Петров – Скопје. Настанот се состоеше од изложба на фотографии, инсталации, уметнички слики, скулптури, концерт на амбиентална музика во реализација на Театар „Пи“ и лица со интелектуална попреченост од „Порака Скопје“ и лица со типичен развој. Исто така се изведуваше и една нова форма на театар кој сè уште не е познат кај нас во Македонија. Станува збор за лавиринт сензитивен театар кој нанаметливо се провлече низ посетителите.

„Чудата во Алиса“ е инспирација од „Алиса во земјата на чудата”, но наместо да ја бараме Алиса во таа земја, ние копавме длабоко во секој од учесниците за да излезат на површина чудата во Алиса. А Алиса е или бил секој од нас.

Автори режисери нанадтанот се Златко Митрески и Македонка Илиевска. На настанот учествуваа Јаков Ангелов (виолина) Дино Рамо (тапани) Златко Митрески бас и пијано како и мултиперформерите Македонка Илиевска, Ема Петреска, Вања Димовска, Анастасија Аневска, Јана Ламбевска, Леона Трајковска, Сандра Миовска, Доротеа Атанасоска, Тео Тодоровски, Матеа Ѓеровска, Дарон Угриновски, Јасен Угриновски, Боби Хаџи-Николов
,Лара Бошковиќ, Дино Рамо,Трајанка Петреска, Жаклина Велковска, Виолета Дојчиновска,Ана Беќарска

Проектот е реализиран во соработка со Општина Ѓорче Петров и основните училишта во Ѓорче, ЦПЛИП-„Порака Скопје“, а финасиран е од Министерство за култура, Град Скопје. Театар „Пи“ е центар за изведувачки уметности и едукација со дејствување во независната културна сцена.

Сподели