Доделување на наградите за новинарски текст на конкурсот „Есеј за старо Скопје“

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска во 13 часот ќе бидат доделени наградите за новинарски текст на конкурсот „Есеј за старо Скопје“. Покрај главните три награди, поради големата конкуренција ќе има награди и за 4. и 5. место, а сите учесници на конкурсот ќе добијат подароци.

Членови на комисијата која одлучуваше за наградите се: м-р Филип Белчев од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (претседател), м-р Елизабета Кузмановска, новинарка и м-р Марија Антовска од Институт за македонски јазик, членови.

Конкурсот се одржува во рмаките на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Сподели