„Обои ме во пријател“ – марш посветен на лицата со попречености во Битола

Марш посветен на лицата со попреченостите ќе се одржи денеска на пладне, а ќе започне пред Офицерскиот дом во Битола. Настанот е наречен „Обои ме“ и е по повод 3 Декември, светскиот ден на лицата со попреченост.

Дефилето ќе продолжи на Широк Сокак, а заеднички го организираат општина Битола и Културно-информативниот центар од Битола, во соработка со „Лајонс Кабадаја“.

Сподели