14-годишниот талент во модерен балет, Анди Исмаили го освои првото место во џез категорија на Светското првенство во балет, џез, модерен и современ, што се одржува во градот Потчетртек, Словенија. Тој синоќа се закити со златен медал во џез конкуренција во која прв пат настапува. Исмаили, кој учи во деветто одделение во Гостивар, победи во џез денс соло јуниори 1.

Исмаили е двократен светски шампион во модерен балет, а ќе се обиде да го освои и третото злато во категоријата модерен балет, во петок, на 2 декември, кога ќе настапи и во конкуренција на модерен балет.
Анди Исмаили е член на клубот iDance studio од Гостивар, а негови тренери се Вулнет Назири и Сарита Селмани.





