Голем марш на студентите утре на нивниот меѓународен ден

Универзитетските студентски собрание при УКИМ, Штулов, ФОН, Американ колеџ, ФОП, УКЛО, УГД и движењето „Студентски отпор“ утре, на Светскиот ден на студентите, заедно ќе излезат на улица за да се борат за своите права. Мирниот марш ќе започне во 17.30 часот пред Владата, па ќе продолжи до Министерството за образование и наука.

– Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања. Да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот! Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард! – велат студентите.

Тие гласно ќе ги искажеме нивните барања за:

1. Подобри услови во студентските домови
2. Изземање на студентите од антикризните мерки
3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата
4. Изедначување на стипендиите
5. Подигнување на квалитетот на образованието
6. Дигитализација

Сподели