Извозот на ИКТ услуги од Македонија само лани се зголеми за 37 отсто и надмина 330 милиони евра

„Работа од каде било“ (Work from anywhere) моделот е тука за да остане, а компаниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти.

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Денес сме препознаени како  сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден милијарди долари, ова е еден од заклучоците изнесени на еднодневната конференција со наслов The Future is Remote: Macedоnia, што се одржа во „Аудиокултура“ во Скопје. Организатор на настанот беше Native Teams-македонски стартап што ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се во дури 30 земји во светот. На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.

Оваа компанија ја создаде платформата која на фриленсерите и на сите кои работат од далечина им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти, како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.

– Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на ковид-пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира концептот на работење од далечина (remote working) кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од каде било во светот – велат од Native Teams.

Никола Бубевски

До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат на овој начин, отколку од канцеларии – истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.

– Одлична е шансата да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од компаниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа – изјави Ентони Наумоф, директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД, кој ја продолжил приказната од фирма со мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.

Ентони Наумоф

Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сакаат да го задржат принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено, ќе бараат друга работа која тоа го дозволува.

„Работа од каде било“ (Work from anywhere) моделот е тука за да остане, а компаниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти.

На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем, заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.

Игор Маџов

Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна, истакна Благој Трајковски, директор за развој, IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата.

– Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата компанија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на компaнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех – истакна Трајковски.

Благој Трајковски

Предизвици секако има, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид-кризата. Имаме и домашни и странски компании на наши адреси, што е најзначајно, имаме сè повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.

Михаил Китановски

-Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува – изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.

Сподели