Накитот низ вековите претставен преку холограми во Музејот на Македонија

Во Музејот на Македонија отворена е изложбата „Светлината на накитот низ вековите“ (The light of jewelry through the centuries). Преку пренесување/презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми се промовира и презентира накитот низ вековите, развојот на креативните индустрии и новите (виртуелни) практики во музејската дејност.

Проектот од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2022 година го реализира Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста „Доминиум културно јадро“ во соработка со Музјеот на Македонија.

Сподели