Татковци на породилно отсуство – дебата во Europe House Скопје

Породилното отсуство и улогата на таткото во семејството беше во фокусот на дискусијата што деновиве се одржа во Europe House Скопје. Потребно е подигање на свеста, промена на ставовите во семејството и во општеството во целина, како и поголема отвореност од страна на работодавачите за да се овозможи породилно отсуство за двајцата родители, беше еден од заклучоците на дебатата.

– Платеното породилно отсуство мора да биде достапно и за родителите кои работат како хонорарци или се самовработени. Потребно е да се даде повеќе простор на татковците, а тие треба да се вклучат и да поактивно да учествиваат во родителството – сметаат учесниците на дебата.

Според нив врската помеѓу татковците и нивните деца е незаменлива и мора да се негува, а моделите за улоги и влијателните луѓе треба повеќе да ги промовираат придобивките од заедничкото родителство и заедничкото родителско отсуство.

Дебатата беше во рамките на доделувањето на наградите за изложбата на фотографии „Македонски татковци“ што ја организира шведската амбасада во земјава.

Фото: Europe House Скопје

Сподели