Соработката со Скопје од почетокот беше многу силна на хуманитарно ниво (помош по земјотресот, поддршка за време на војната во Југославија, поддршка за болници, но исто така и проект за корона-солидарност, со донација на средства за хигиена во 23 средни училишта во Скопје во 2020/2021 година – вели Вимер, која е дел од одделот за меѓународна соработка на Нирнберг
Збратимените градови се начин да се заштити мирот, со тоа што ќе бидеме во контакт со други култури и нации – вели Стефани Вимер, одговорна за одделот за меѓународни односи при Град Нирнберг. Таа со децении сведочи за меѓусебната соработка помеѓу Скопје и Нирнберг, два збратимени градови кои годинава одбележуваат четири децении. Со неа се навраќаме низ годините на заемна помош, поддршка, но и размена на култура и искуства.

Нирнберг и Скопје одбележуваат 40 години соработка. Што овие четири децении ù донесоа на заедничката соработка?
– Соработката веќе беше започната пред формалното збратимување меѓу двата града со нашата помош за Скопје после земјотресот од 1963 година. Личните релации растеа сè повеќе и во тоа време југословенските работници доаѓаа организирани кај нас и ги помагаа меѓусебните релации и проекти. Ова водеше кон формално збратимување и договор што го постигнавме во 1982 година. Оттогаш, многу стабилни врски меѓу градовите беа воспоставени, не само меѓу градските администрации, но исто така и болници, сиропатилишта и центри за помош на младите, зоолошки градини, пожарникарните бригади, библиотеки, градинки и друго.

Може да ни кажете на кои полиња најмногу соработувавте?
– Прво, соработката беше многу силна на хуманитарно ниво (помош по земјотресот, поддршка за време на војната во Југославија, поддршка за болници, но исто така и проект за корона-солидарност, со донација на средства за хигиена во 23 средни училишта во Скопје во 2020/2021 година. Исто така, размената на уметност беше многу силна меѓу двата града, учество на уметници од Нирнберг во разни проекти во Македонија и соработка со професори од уметнички училишта.

Во последните неколку години аспектот на одржлив развој и заштита на околината стана сè посилен финансирајќи проект за воспоставување систем на задолжително оџачарење за да се намали загаденоста на воздухот.

Кои настани биле најинтересни за вашата публика изминативе години?
– Во 2018 година Скопје беше во фокусот на годишниот Grenzenlos – фестивал на збратимени градови, во кој секоја година претставуваме еден од збратимените градови на нашите граѓани со културна и кулинарска програма. Исто така, на познатиот Нирнбершки божиќен пазар организираме „пазар на збратимени градови“ и повеќе од 10 години, Тања Фрковиќ од асоцијацијата „Мата“ од Скопје учествува со штанд и продава типични македонски текстилни прозводи. Таа има многу потрошувачи што доаѓаат да купуваат секоја година. И најпосле, имаме директна линија Нирнберг – Скопје веќе неколку години, нешто што го прави патувањето многу полесно.

Стефани Вимер и Маја Аргакијева (фото: Хаике Хан)
Колку е важно за еден град да има побратимен град? Како ја гледате оваа соработка во иднина?
– За Нирнберг е многу важно да има збратимени градови. Со оглед на тоа дека Нирнберг беше градот каде Националсоцијалистичка германска работничка партија (Нацистичката партија) ги одржуваше своите состаноци пред Втората светска војна, по војната за нашиот град беше многу важно меѓународно да се отвори. Исто така, Нирнберг денес е град на човековите права со многу проекти од ова поле. Збратимените градови се начин да се заштити мирот, со тоа што ќе бидеме во контакт со други култури и нации.
Исто така, меѓусебната поддршка е многу важна во моментов, посебно за нашиот украински збратимен град Харков. И Нирнберг има голема застапеност на граѓани од емигрантско потекло. Тоа го збогатува нашето општество и релацијата на нашите збратимени градови прави да го направиме ова посилно и поплодно за двете страни.

Насловна фотографија: Хаике Хан





