Новата академска година за сите државни универзитети започнува од денеска. По две години онлајн-настава, студентите и професорите ќе се вратат на настава во живо. Универзитетите денеска ќе ги организираат своите први академски часови. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје во саботата го означи првиот академски час во дворот на Машискиот факултет. О,браќајќи им се на студентите ректорот Никола Јанкуловски, симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на УКИМ.
Денеска свечености ќе се одржат на Медицинскиот факултет (8.30), Филолошкиот (11 ч), Економскиот (12ч) и Архитектонскиот факултет (13.30).





