Публиката во Загреб на нозе на концертот на „Танец“ со Влатко Стефановски

Синоќешниот уметнички триумф на Танец и Влатко пред загрепската публика во реномираната сала „Ватрослав Лисински“ ќе се памети уште долго, зашто стоечките овации, долгите аплаузи и двата биса вечно ќе одекнуваат како прекрасно ехо после вонсериската енергија што оркестарот и хорот на Танец, заедно со гитарскиот маестро ја распослаа пред аудиториумот, велат од „Танец“.

Се редеа мелодиите на безвременските народни ора и песни, во магичните аранжмани на Дамир Имери, а по нив, без исклучок и громогласните аплаузи и извици на одушевување од раскошот на македонскиот фолклор и виртуозитетот на маестралните изведувачи. Не изостанаа ниту солзите како врв на целокупното доживување.

Сподели