Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот се во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој деновиве почна да се реализира во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија. Целта на проектот е да ги раскаже приказните врз основа на нивните животи, навики, успеси и предизвици кои ги имале во своето време, да се создададат приказни кои ќе бидат претставени преку апликации во виртуелна (VR) и проширена реалност (AR).
Проектот е поддржан од програмата Креативна Европа. Партнер од Македонија е Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ кое проектот го работи во соработка со Здружението за дигитализација и информација на културното наследство Digi.ba, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот Музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград.





