Бронзен медал и три пофалници освои македонската репрезентација на 52. Меѓународна олимпијада по физика што се одржа онлајн, а чиј домаќин беше Швајцарија. Бронза освои Емилија Николовска, 2. година во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, а пофалници освоија Мајкл Георгиевски, 3. година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, Матеј Гелев, 2. година во Јахја Кемал во Скопје и Горазд Блажески, 2. година во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“. На натпреварот успешно се претстави и Димитриј Анѓеловски, 2. година во Американската гимназија во Скопје.
– Ова е најголем успех на тимот од Македонија на Меѓународната олимпијада по физика (IphO2022) – соопштија од Друштвото на физичарите на Македонија кои го организираа македонското учество.
Поддршка на учениците беа повеќе членови на ДФРМ и од ПМФ во својство на водачи, подготовувачи на учениците, меѓу кои и: Ламбе Барандовски, Боце Митревски, Ирина Петреска, Христијан Кочанковски, Ирена Златановска, Гоце Геговски.





