Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во 10 часот во киното „Фросина“ во Скопје го организираат првиот „Синедејс кино форум“. Киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид различниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна. Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на компетенции и вештини во оваа област.
„Синедејс кино форум“ е еднодневен настан на кој преку модерирана дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот.
На форумот покрај претставниците на македонските киноприкажувачи говорници ќе бидат и претставниците на киноприкажувачи од Грција, Србија, Бугарија и Хрватска. Модератор на форумот ќе биде Ана Василевска.
На тема „Кино Медитеран: модел кој се шири“ ќе зборува Ален Мунитиќ, директор на кино „Медитеран и Медитеранскиот филмски фестивал Сплит. Тој е директор на Кино мрежа во Хрватска. Како МЕДИА ги поддржува киноприкажувачите и преглед на новата програма – ќе биде тема на излагањето на , Мартина Петрович, раководител на Креативна Европа МЕДИА во Хрватска





