За серијалот текстови „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за ковид-19“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби наградата „Никола Младенов 2020“ за најдобра истражувачка приказна, што ја доделува Македонскиот институт за медиуми.
Новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната приказна „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на итернет-платформата „Види вака“ ја доби наградата за најдобар иновативен новинарски производ.
Фоторепортерката Арбнора Мехмети ја доби наградата за најдобра фотографија за „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“, објавена во дневниот весник „Слободен печат“.
МИМ ги додели наградите по 20. пат, како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.
Насловна фотографија: МИМ
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.





