Oтворен ден за подводната археологија во Охридското-струшкиот регион ќе се одржи утре во 13 часот во Струга по повод 21 јуни, Денот на Охридското Езеро. Настанот ќе се одржи во „Скаут камп“. Присутните ќе може да се запознаат со методологијата на работа при подводни археолошки истражувања, ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата кои се во тек и дел од движниот археолошки материјал. Сите заинтересирани и љубопитни посетители претходно ќе имаат можност да го посетат локалитетот Врбник, благодарение на соработката со Едриличарскиот клуб „Струга“ кој ќе организира бесплатни тури кои започнуваат во 10 часот и се организираат на секој следен час. Тргнувањето е од пристаништето во Струга.
Настанот го организира Археолошки музеј на Република Северна Македонија во рамките на проектот: „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник-Струга“, финансиран од нашето Министерството за култура во соработка со Универзитетот од Берн и проектот ЕКСПЛО.





